Пет цитати на жени претприемачи на кои им рекоа “нема да успееш’

195

Денес повеќе од кога било се зборува за родова еднаквост, но во пракса сè уште има многу работи кои не се јасно дефинирани и кои сè уште премолчено се очекуваат од жените. И покрај можноста за избор, овие очекувања и сето она со кое се соочуваат жените бара подигање на свеста за сите предизвици со кои се соочуваме.

Вистина е дека на листите за најуспешни претприемачи има жени, но сепак мнозинството се мажи. Иднината секако ќе го врти овој однос сè повеќе во корист на жените претприемачи, но за да се случи тоа, неопходно е да се биде свесен за работите со кои се соочуваат жените претприемачи, за да може поотворено да се зборува за овие проблеми и тие затоа стануваат помалку табу отколку што се денес.

„Знаете, сите овие години ги јадам моите колачиња. Сите овие години луѓето ми кажуваа колку се фантастични. Затоа решив да влезам во бизнисот со продажба на колачиња. Мојот сопруг веднаш рече: „Ох, душо, тоа е толку глупава идеја.“ И тогаш моите родители рекоа: „Немашшто да бараш во бизнисот со колачиња.“ – Деби Филдс

„Ужасно е да се каже, но долго време бев етикетирана дека сум дизајнер на венчаници и сега сум изненаденa од тоа како успеав да го надминам тоа. Навистина пробав сè освен да се откажам, но успеав бидејќи ова е мојот животен сон“. – Вера Вонг

„Што е најлошото што може да се случи? Сите да ме одбијат; можеш да замислиш“. – Ј. К. Роулинг

„Беше ризично. Бев мажена и бремена со мојот најстар син. Но, јас не гледам на ризикот исто како и другите луѓе. Кога си претприемач, мора да се водиш од мислата дека ќе успееш“. – Лилијан Вернон

„Го основав The Body Shop во 1976 година за да заработам за живот за себе и за моите две ќерки, додека мојот сопруг Гордон шеташе низ Америка. Немав обука и искуство и се што знаев за бизнисот беше советот на мојот сопруг да се обидам да заработам 300 фунти неделно. Никој не зборува за претприемништвото како опстанок, а тоа е токму она што е и тоа е она што го поттикнува креативното размислување“. – Анита Родик