Fiat 500, ама “вози“ по вода (ВИДЕО)

63

И иако во сè изгледа исто како „Фиат 500“, тој не е автомобил и не вози по пат туку е чамец. Станува збор за мешавина од автомобил и чамец под името „car 500 off-shore“,  замисла на дваесет и четиригодишник од околината на Неапол, кому Стелантис му дал лиценца за овој потфат.

Антонио Пјетро Марија Галасо, дипломиран правник, отсекогаш сакал да се занимава со иновации, а овој пат сакал да го пренесе својот омилен италијански автомобил на водни патишта, а дизајнирал „фичо“ на вода под името „car 500 off-shore“, како и стартап под истото име.

Автомобилот чамец ќе биде произведен во ограничено издание од само 500 примероци, а ќе се продава и во Италија и во странство. Галасо за италијанските медиуми изјави дека идејата ја добил гледајќи фотографија од „Фиат 500“ и дека од тој момент почнал да работи на проектот кој траел пет години, а првиот резултат бил прототип.

– Car 500 off-shore е совршен чамец за оние кои сакаат да комбинираат елеганција и функционалност. Со помош на користените технологии, можно е безбедно да се плови по море, по езера и реки. Овој проект Made in Italy го реализирав со желба да ја покажам вредноста на италијанскиот дизајн, занаетчиите кои се погрижија за секој детал да создадат навистина луксузно возило кое ќе биде за сите оние кои се страствени љубители на животот на море – изјави Галасо, кој исто така раскажа како контактирал со Стелантис откако го завршил прототипот.

Тој побара од нив дозвола да го покаже чамецот на саемите за бродови во Џенова и Кан, каде што „автомобилот 500 off-shore“ постигна голем успех. После тоа, тој се сретна со раководството на Стелантис, кои со своите инженери ги испитаа сите детали и работеа на тоа овој глисер да биде што побезбеден и поефикасен. После тоа му дадоа дозвола за изработка на нов морски фиат.

„Car 500“ има пет седишта и има дизел мотор од 40 коњи, а наскоро ќе се произведува и електричен.

Министерот за економија Адолфо Урсо изјави дека ова е вистинска новина во наутичкиот свет и во Италија и на меѓународен план, што уште еднаш го потврдува духот на Италија во иновативноста, дизајнот и вкусот.