
Австрискиот канцелар Карл Нехамер го отфрли повикот на Европската комисија до земјите од ЕУ да стават повеќе пари во касата на блокот, тврдејќи дека дополнителните пари наместо тоа треба да се обезбедат со заштеди од тековниот буџет.
Ројтерс пренесува дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакнала дека ЕУ веќе ја „искористила секоја флексибилност и можност за прераспоредување“ од постојните фондови.
Австриската коалициска влада предводена од конзервативците честопати се противи на она што го опишува како „расипничко трошење“ од страна на блокот и некои земји-членки, особено јужните земји како Италија.
Од друга страна, Европската унија соопшти дека треба да се направат дополнителни придонеси преку нов наменски прилив на приходи пресметан врз основа на профитната основа на компаниите кои работат во секоја земја.
Агенцијата наведува дека Европската комисија размислува за воведување на долгорочниот буџет на блокот, кој би изнесувал околу еден процент од економскиот аутпут и дека е неопходен ребаланс на буџетот за да се вклучи во заедничкиот буџет за периодот 2021 година -2027 година, земајќи ги предвид ефектите од глобалната пандемија на KОВИД-19, руската инвазија на Украина, енергетската криза, инфлацијата и зголемените каматни стапки.
„Дефинитивно има многу потенцијал во Европската унија. „Кога мислите дека самата администрација чини 13 милијарди евра и, како што реков, има многу средства кои сè уште не се искористени“, рече Нехамер.











