Во Сиднеј Австралија се отвори првиот хотел во светот инспириран од популарната апликација за споделување на фотографии Instagram.
Наречен едноставно 1888, хотелот располога со петкатен атриум, на кој се сместени 90 соби, изложени ѕидови од тули, мебел во разни бои и се што е потребно за љубителите на добрата Instagram фотографија.
Корисниците кои имаат повеќе од 10.000 следбеници на социјалната мрежа ќе добијат бесплатен престој, како и оние гости кои ќе постираат најкреативна фотографија од хотелот секој месец.