На лондонскиот пазар цената на нафтата утрово изнесува 74,89 долари за барел, додека американската ВТИ се тргува по цена од 70,01 долари за барел.
На почетокот на неделата трговците се фокусираа на најавите за намалена понуда од Саудиска Арабија и Русија.
Саудиска Арабија извести дека во јули и август ќе го намалат производството за еден милион барели дневно, на девет милиони барели дневно, објави државната новинска агенција, што значи дека го продолжиле претходниот рок за еден месец.
Русија, пак, извести дека во август ќе го намали извозот за 500.000 барели дневно за да ги поддржи цените, се вели во изјавата на вицепремиерот Александар Новак.