Дневните испораки на нафта од Русија во Индија се зголемија на 2,2 милиони барели дневно минатиот месец, соборувајќи го рекордот десетти месец по ред, според аналитичката компанија Кплер.
Увозот на нафта на Индија од Русија сега е поголем од увозот од Саудиска Арабија и Ирак заедно, пренесува Блумберг.
Извозот на нафта од Урал од Русија во Индија урна уште еден рекорд во јуни – 1,5 милиони барели дневно. Најголеми купувачи на руска нафта во Индија во изминатите два месеци беа индиската државна компанија Indian Oil Corp. и најголемата холдинг компанија во земјава Reliance Industris, додава агенцијата Кплер.
Аналитичарот на компанијата Кплер, Виктор Катона, смета дека индискиот увоз на нафта од Русија е блиску до својата граница поради инфраструктурни проблеми, како и поради потребата да се одржуваат добри односи со другите добавувачи на нафта. Тој очекува дека увозот на нафта од Русија ќе почне да опаѓа во наредните месеци.