Вашиот бизнис на повисоко ниво: 5 начини како со iute да ја зголемите продажбата

74

Главното прашање за претприемачите е како да ја зголемат продажбата, a финансиската компанија IuteCredit Macedonia го има одговорот. Како иновативно решение за бизниси, iute нуди одлична алатка за зголемување на продажбата и широк спектар на начини за плаќање на потрошувачите. Се работи за iute “pay later” солуцијата, која им овозможува на клиентите подоцна да ги плаќаат производите или услугите, преку ниски месечни рати, дури и со 0% камата и трошоци.

Ова отвора голема можност за бизнисите да ја зголемат својата продажба,  паралелно  овозможувајќи им да достигнат конкурентна предност на пазарот.

За да ви ги доближиме можностите кои ги нуди iute “pay later” солуцијата, наведуваме 5 причини зошто ова платежно решение е следниот разумен чекор за вашиот бизнис.

Повеќе луѓе имаат пристап до вашите производи и услуги

Iute “pay later” решението овозможува купување на производи без потреба од моментално плаќање. Со тоа на купувачите им се олеснува пристапот до различни производи или услуги, дури и кога немаат веднаш пари на располагање. Имаат можност да платат подоцна и на рати. Ова ги прави производите поатрактивни, а купувачите се подготвени да потрошат многу повеќе во вашето продажно место.

Моќен маркетинг за вашиот бизнис

Една од главните причини зошто iute може да ја зголеми вашата продажбата е моќниот маркетинг за своите партнери. iute нуди специјализирана помош и маркетинг поддршка за вашиот бизнис. На овој начин, вие можете ефективно да го промовирате вашиот производ пред базата на клиенти и да влијаете на одлуката на купувачите. Со ова добивате пласман пред публика од скоро 1.5 милиони луѓе. iute ги привлекува вашите потенцијални клиенти преку маркетинг кампањи на социјалните мрежи, e-mail маркетинг, месечни известувања преку MyIute апликацијата до скоро 110 000 корисници, месечни изданија на newsletter-от, инфлуенсерска мрежа, продажни брошури и други печатени материјали.

Брзина и комфор

Процесот на плаќање со iute солуцијата е брз и едноставен и обезбедува удобно и технолошки надградено искуство во купувањето за самите потрошувачи. Iute веќе има 12 000 клиенти со претходно одобрен паричен лимит за трошење, кои добиваат моментално одобрување за кредит со стапка на одобрување од 100%, со цел да купуваат од вашите продажни места без грижи. Потпишувањето на договорите е дигитално преку MyIute мобилната апликација. Овој начин е мошне брз и ефикасен, па така продажните салони нeмаат обврска да скенираат и печатат било какви хартиени договори. Покрај тоа, iute нуди e-com plugin кој им овозможува на партнерите да го интегрираат платежниот процесор на нивните онлајн продавници, со што клиентите ќе можат да купуваат и плаќаат на рати од удобноста на својот дом.

Флексибилни решенија за плаќање: Smart 0% и Flexi

Iute нуди платежни решенија кои се флексибилни за секој тип на потрошувачи. Преку нашите „pay later“ решенија за плаќање, наречени Smart 0% и Flexi, купувачите можат да го купуват секој производ или услуга што ќе го посакаат и истиот да го платат подоцна преку ниски месечни рати, дури и со 0% трошоци и камата.

Конкурентска предност

Од партнерството со Iute, бизнисите добиваат конкурентска предност на пазарот, овозможувајќи им на своите купувачи брз и иновативен начин на плаќање за производите и услугите. Благодарение на нашето решение за плаќање со QR код, клиентите можат да започнат со апликацијата за кредит во вашиот продажен салон и самите да го скенираат QR кодот, без да го трошат времето на продажниот персонал во процесот на апликацирање.

Доколку продавате онлајн, запомнете дека со интегрирање на iute e-com решението на вашата продавница, клиентите ќе можат да купуваат на рати онлајн во секое време и од секое место.

Ако сакате да дознаете повеќе и да започнете соработка со Iute, посетете ја веб-страната https://iutepay.mk/, оставете ги вашите податоци за контакт и договорете средба или контактирајте нѐ на +389 70 416 965.