Милка зближува – фатете странец за раката за бесплатна чоколада

211

milka

За да добијат Милка чоколадо од вендинг машина, луѓето и покрај тоа што меѓусебно не се познаваат, мораат да се фатат за раце. Треба да направат синџир од луѓе, кој од едната страна ќе се држи за поставена Милка крава, а првиот во синџирот треба да го стисне копчето на машината.

Оваа кампања Милка ја спроведе летово во Аргентина, со цел да ги зближи луѓето, затоа што, како што велат од компанијата, загрижени се дека технологијата само ги раздвојува.