JP Morgan отвора банки во Европа

135

Американската банка JP Morgan ќе го прошири работењето на својата интернет банка во Германија и други земји од Европската Унија, изјави извршниот директор Џејми Дајмон за германскиот весник Handelsblatt.

Во 2021 година, JP Morgan за првпат излезе надвор од својот американски пазар, нудејќи им услуги на граѓаните на Велика Британија исклучиво на Интернет, а во исто време банката сигнализираше дека нивната цел е да го прошират работењето и во други земји.

„Секогаш ни беше јасно дека сакаме да го однесеме JP Morgan не само во Велика Британија, туку и во Германија и другите европски земји“, изјави Дајмон за германскиот деловен весник.

– Имаме амбициозни планови – нагласи првиот човек на JP Morgan, додавајќи дека сè уште не е одредена конкретна временска рамка. Портпаролот на банката го потврди пишувањето на Handelsblatt, но исто така одби да го коментира временскиот хоризонт на плановите.

Седиштето на JP Morgan во Европската Унија се наоѓа во германскиот финансиски центар Франкфурт. Во Германија, банката изгради истакната позиција во сегментот на консултантски услуги, а планира да го прошири своето работење и да привлече повеќе средни компании кои го сочинуваат „животот“ на германската економија, која ја предводи европската економска локомотива.

Дајмон изјави за Handelsblatt дека е уверен во успехот.

„Во Германија JP Morgan сè уште не е толку познат, но е силен бренд во светот. Ние сме и доверлива банка, со силни биланси, а тоа го знаат и приватните клиенти“, изјави Дајмон.

Американските банки се обидуваат да ги компензираат профитабилните, но понекогаш нестабилни приноси во инвестициското банкарство со постабилен приход, иако се соочуваат со конкурентен потрошувачки пазар на кој доминираат локални врвни играчи и маржите се слаби, пишува Ројтерс.