Совршена изработка и дизајн, преточени во елегантни рачни часовници кои без сомнение ќе ви го привлечат вниманието.
Овој прекрасен луксузен рачен часовник од Cartier што беше презентиран на неодамнешната изложба Watches & Wonders во Хонг Конг, е всушност подобрена верзија на часовникот Tank MC Skeleton од паладиум. Новиот модел е последна реплика на часовник од далечната 1917, чии претходни верзии веќе си имаат заслужено култен статус.
Швајцарскиот производител на часовници Audemars Piguet лансираше лимитирана линија од 600 парчиња од луксузниот часовник Royal Oak Offshore Chronograph LeBron James. Часовникот е направен од 18 каратно розово злато и рамки од титаниум со свилен сјај. Богатата комбинација на розово злато и сив метал е надополнета со арапски броеви и стрелки исто така во златно розева боја. Во часовникот има и вграден дијамант сместен близу бројката 2.
Швајцарска куќа Jaeger-LeCoultre која произведува луксузен накит и часовници неодамна го презентираше часовникот Master Grand Tourbillon Enamel. Ова ремек дело во себе содржи скапоцен сафир дополнет со минијатурни уметнички слики изработени со специјална техника. Жеравот, птицата која симболизира долговечност, го краси бројчаникот, а истата е опкружена со бамбусови дрвја. Некои од нив се совршено вклопени во сафирот на луксузниот часовник, создавајќи ефекти на длабочина и волумен.