(ВИДЕО) Иднината пристигна: целосно автоматизирано паркирање

89

Зградата наречена Future Car Park се наоѓа во деловната област на градот Хангжу, Кина и има капацитет од 500 автомобили кои се наредени со помош на целосно автоматизиран систем.

Паркингот се состои од низа кули кои личат на стебла. Три кули во центарот на паркингот на иднината се користат за паркирање автомобили, додека другите три ги превезуваат посетителите со лифтови.

Паркингот е опремен со напреден, автоматизиран систем за паркирање.

Возачите влегуваат во зградата, каде ги оставаат своите автомобили, кои потоа се преместуваат во пониските паркинг зони или со лифтови се дистрибуираат до кулите.

Системот за автоматско паркирање избира одредено паркинг место за секој автомобил врз основа на потребното време за паркирање одредено од сопственикот на автомобилот.

Погледнете како се креваат автомобилите преку автоматизиран паркинг во Хангжу:

Фото: YouTube Printscreen