Рускиот милијардер Роман Абрамович ќе се поднови со уште еден луксузен дом. Станува збор за простран апартман на катови што се наоѓа на познатата Петта Авенија во Њујорк.
Зданието е поделено на пет делови, а Абрамович (сега за сега) купува три.
Трикатниот апартман е уникатен спој од модерното и класичното. Располага со осум спални соби и 10 бањи, како и со прекрасна тераса на покривот која нуди неверојатен поглед на Централ Парк.