Генеративната вештачка интелигенција (ВИ) ќе има големо влијание врз туристичката индустрија, а оние кои ја користат оваа технологија ќе бидат побрзи и попродуктивни од другите“, изјави технолошкиот директор на туристичкиот гигант TUI, Питер Џордан, а пренесе ДПА.
Во Обединетото Кралство, TUI веќе го увезе ботот за генерирање текст ChatGPT во својата апликација и на секој друг корисник му беше даден пристап за време на тестирањето.
ChatGPT користи генеративна вештачка интелигенција за да им предложи персонализирани тури на клиентите и да одговара на прашања за дестинациите. Побарувачката за таа опција ги надмина очекувањата со повеќе од 10.000 барања. Клиентите во Германија исто така ќе можат да користат ChatGPT во рамките на апликацијата.
„Доколку тестирањето оди добро и сме задоволни со точноста, мислиме дека ќе го имаме производот на пазарот до крајот на годината“, рече Џордан.
Во Германија, инаку, неколку туристички компании веќе користат ChatGPT за различни задачи.
TUI плаќа на Open AI мала надокнада за секое барање што ChatGPT го добива преку апликацијата, додаде Џордан, нагласувајќи дека ChatGPT не добива пристап до податоците на корисниците.
„Генеративната вештачка интелигенција способна да создава нова содржина брзо ќе добие задача и потрошувачите ќе можат брзо да го видат тоа“. Тоа суштински ќе го промени начинот на кој луѓето планираат патувања и резервации“, заклучи Џордан.