Просечната цена на метар квадратен на новоизграден стан во Црна Гора во вториот квартал од 2023 година изнесува 1.500 евра, покажуваат податоците на Монстат.
Во Подгорица цената на квадрат во нова зграда била 1.581 евро, во крајбрежниот регион 1.413 евра, во централниот 714 евра, додека во северниот регион просечната цена на метар квадратен стан во нова зграда 1.280 евра.
Просечната цена на метар квадратен стан во нова зграда во значителна мера зависи од учеството на становите кои спаѓаат во категоријата заедничка станбена изградба.