Студија на Меѓународната федерација: Каде работат најмногу роботи?

105

Големите инвестиции во индустриската роботика во последните неколку години ја доведоа Кина на врвот на листата на земји со најмногу роботи во однос на бројот на работници вработени во производството и за прв пат се пред Соединетите Американски Држави, според најновата студија на Меѓународната федерација за роботика.

Бројот на оперативни индустриски роботи во однос на бројот на работници во Кина достигна 322 единици на 10.000 вработени, со што земјата се искачи на петтата позиција на листата.

Со својата глобално призната електроника и автомобилска индустрија, Јужна Кореја е  на првото место, со тоа што е првата земја која достигнала 1.000 роботи на 10.000 работници.

Сингапур е на второто место со стапка од 670 роботи, а присуството на роботи во градот-држава расте за 24 отсто во просек секоја година од 2016 година.

Јапонија е значително зад (399 роботи на 10.000 вработени), што е на трето место, а Германија е на четврто (397), која има најголема стапка на роботизација во Европа.

Во првите десет земји е и Словенија, со 249 роботи на 10.000 работници, само едно место зад САД.

Извор: Acjazeera Balkan