
Според прелиминарните податоци, вкупната надворешно-трговска размена на Црна Гора од јануари до крајот на јули годинава изнесува 2,56 милијарди евра, што укажува на пораст од 8,6 отсто во однос на истиот период од претходната година, објави Управата за статистика Монстат.
Извозот на стоки има вредност од 411,8 милиони евра, а увозот 2,145 милијарди евра.
Во однос на истиот период од претходната година, извозот е помал за 3,6 отсто, а увозот е повисок за 11,3 отсто.
Покриеноста на увозот со извоз изнесува 19,2 отсто и е помала во однос на истиот период од претходната година кога изнесуваше 22,2 отсто, објави Investor.me.
Најголеми надворешно-трговски партнери во извозот беа: Србија (106,3 милиони евра), Босна и Херцеговина (54,1 милиони евра) и Словенија (52,6 милиони евра).
Најголеми увозни партнери беа: Србија (377,7 милиони евра), Кина (246,8 милиони евра) и Германија (198,5 милиони евра).
Трговијата беше најголема со потписниците на ЦЕФТА и со Европската Унија.











