НЛБ заинтерсирана за влез на два нови пазари

Блаж Бродњак, претседател на Управниот одбор на НЛБ Груп, рече дека банкарскиот сектор во регионот е силен и по капитал и ликвидност и на историско ниво на стабилност.
Тој изјави дека веројатно ќе има поголема консолидација бидејќи ситуацијата во одделни земји е различна.

– Во Црна Гора сме задоволни од позицијата што ја имаме во однос на средствата. Потенцијално, се гледаме како се консолидираме на пазари каде што имаме релативно помала позиција (Федерација на Босна и Херцеговина) и влез во Хрватска и Албанија каде што воопшто не сме присутни. На овој начин би го заокружиле целиот Западен Балкан – изјави Бродњак за Вијести.

– Заинтересирани сме да влеземе во Хрватска, каде што сè уште не сме присутни поради нерешени проблеми кои датираат од поранешна Југославија – објасни Бродњак.

Тој посочи дека припаѓа на генерација која јавно тврди дека имаме не само можност, туку и одговорност да го оставиме минатото зад нас и да постигнеме договор кој ќе овозможи посветла иднина во регионот.