Новиот дизајн на шишето Evian, дело на Ели Сааб

74

Производителот на висококвалитетната минерална вода Evian во соработка со либанскиот моден дизајнер Ели Сааб, креираше нова лимитирана линија на стаклени шишиња за вода. Познатите два бренда годинава ги здружија силите во име на чистотата.

Elie-Saab-evian-Bottle-600x800

Луксузното шише Evian е декорирано со препознатливите чипкани шари на Ели Сааб, што потсетуваат на женствените и елегантни дизајни од колекцијата на брендот.

Деликатната бела чипка е нанесена архитектонски прецизно, допринесувајќи да се истакне убавата силуета на шишето.

Партнерството на Evian со Ели Сааб е шесто по ред од ваков тип. Производителот веќе има остварено слични соработки со повеќе интернационални модни брендови и дизајнери како Жан Пол Готје, Кристијан Лакроа и други.

“Ние сме воодушевени што имаме можност да го видиме нашето препознатливо шише декорирано од Ели Сааб. Овој вешт уметник дизајнираше уникатен изглед на нашата лимитирана линија на стаклени шишиња, што елегантно ја истакнува нивната чистота, покажувајќи колку значајна и корисна е водата Evian”, изјави Мартин Рено, претседател на Evian Volvic World.