Хрватска: Драстично зголемен број на компании во странска сопственост

Во Хрватска расте бројот на компании под странска контрола, односно странска сопственост.
Државниот институт во своето соопштение располага со податоци за 2021 година, а од нив е видлив трендот на раст на сите показатели, иако тоа е период во кој економските активности беа пригушени поради пандемијата, а претприемачите тешко започнаа со нови проекти и инвестиции. Во 2021 година имало 11.038 фирми во странска сопственост, што е 5,1 отсто од сите регистрирани фирми во Хрватска.

Можеби не е импресивен удел, но е значителен раст, бидејќи една година претходно тој удел беше 3,7 проценти. Една година претходно во Хрватска имало 6.700 компании во странска сопственост, во која се и подружниците на странски компании, па тоа покажува дека нивниот број пораснал за речиси 65 отсто, пишува Нови лист.