Трговскиот промет меѓу Германија и Русија падна за 76 отсто

Трговскиот промет меѓу Германија и Русија падна за 76 отсто во првите седум месеци од оваа година на 8,4 милијарди евра, изјави денеска претседателката на Германскиот економски комитет Катрина Клас-Милхаузер.

Годишното намалување изнесува 27 милијарди евра, рече таа.

„Меѓу глобалните трговски партнери на Германија, Русија падна од 14. на 36. место“, изјави Клас-Милхаузер, пренесува ТАСС.