Цените на нафтата нема да влијаат на борбата на ЕЦБ за скротување на инфлацијата

Неодамнешното зголемување на цената на нафтата нема да ја попречи борбата на Европската централна банка за скротување на инфлацијата, според членот на Управниот совет Франсоа Вилерој де Галхау.

„Ние сме многу внимателни, но не ја доведуваме во прашање основната дезинфлација“, изјави тој за радиото Франс Интер во саботата, додавајќи дека целта на ЕЦБ е да ја доведе инфлацијата на околу два отсто во 2025 година, според Блумберг.

Најновата прогноза на ЕЦБ за инфлацијата, која предвидува забавување на растот на потрошувачките цени, се заснова на проценка дека цената на нафтата ќе падне од 82,7 долари за барел оваа година на 77,9 долари во 2025 година.

Сепак, неодамнешниот пад на суровата нафта сугерира дека 100 долари за барел се враќаат во игра до крајот на оваа година. Тоа е потсетник за централните банкари дека ерата на нестабилност, најавена од пандемијата и војната во Украина, нема само да исчезне.

ЕЦБ минатата недела ги зголеми клучните каматни стапки за уште 25 базични поени.

Вилерој, гувернерот на француската централна банка, му повтори на Франс Интер дека ова ниво на стапки треба да се задржи за да се контролира инфлацијата.

„Од денешна перспектива, трпението е поважно од натамошното зголемување на каматните стапки“, рече Вилерој .