
Европската комисија (ЕК) денеска објави дека ја спречила водечката американска онлајн туристичка агенција Букинг да ја преземе шведската агенција за резервации на летови Етравели за 1,63 милијарди евра, бидејќи смета дека Букинг со тоа ќе ја зајакне својата доминантна позиција на европскиот пазар.
ЕК наведе дека претходно ја предупредила компанијата Букинг дека е загрижена поради најавеното преземање, но дека американската компанија не успеала да ја одврати, пренесува АП.
По истрагата, ЕК заклучи дека преземањето ќе доведе до повисоки трошоци за хотелите и може да има негативно влијание врз потрошувачката на потрошувачите.











