Во ЕУ паѓа цената на јајцата

Во Европската унија во текот на август просечната цена на јајцата била 2,07 евра за килограм, а во просек паднала за 12 отсто. Од членките на ЕУ, јајцата биле најскапи во Грција и Хрватска.
Според податоците на европската статистичка служба, „Евростат“, во август највисока просечна големопродажна цена на јајцата од класата L и M има во Грција (3,12 евра за килограм) и во Хрватска (2,83 евра). Просекот на ЕУ беше 2,07 евра.

Во август јајцата чинат 1,60 евра за килограм во Белгија, 2,03 евра во Германија, 1,83 евра во Франција и 1,67 евра во Чешка.

Споредено со јуни годинава, просечната цена на јајцата во Хрватска е за 0,9 отсто пониска, објави порталот „Даница“.

За два месеци цената на јајцата во Белгија паднала за 25 отсто, во Германија за 11 отсто, во Шпанија за 10 отсто, во Унгарија за 11 отсто, а во Полска за 14 отсто.

Цената на јајцата во ЕУ во просек падна за 12 отсто.