
Германските компании забрзано се селат во странство, предупреди првиот човек на здружението VDA.
Tој исто така рече дека индустријата во најголемата европска економија полека исчезнува поради високите трошоци за енергија кои ја загрозуваат нејзината конкурентност, пренесува B92.
„Создавањето вредност, бизнисот и работните места во голем дел од енергетско интензивната индустрија се во конкретна опасност на локации во Германија“, рече во понеделникот претседателот на Конфедерацијата на германските индустријалци (БДИ), Зигфрид Русвурм.
Индустриското производство исчезнува или се сели во странство, нагласи Русвурм. „Светлата буквално се гасат на се повеќе локации во Германија“, додаде тој.
Индустријата сака да ги постигне климатските цели, но и се заканува пропаст „затоа што е се помалку конкурентна и нема сигурна основа за планирање“, објаснува шефот на VDA.
Претприемачите, рече тој, „можат успешно да работат и инвестираат само ако рамковните услови се предвидливи, а (нивната) трошковна позиција е конкурентна. Во последно време, тие можат сè помалку да се потпираат на тие два услови“, додаде тој.
На индустријата и се потребни сигурни проценки за вкупните трошоци за зелената транзиција, прецизира тој, издвојувајќи „сериозна проценка на трошоците за електрична енергија од 2030 година“.
Германија мора да ги задржи хемиската и челичната индустрија и другите гранки на индустриската база за трајно да ги задржи знаењата и работниците и да биде подготвена за нови фази на создавање вредност, истакнува Русвурм.
„(Тоа) нема никаква врска со неекономични, конвулзивни обиди да се задржиме на застарена индустрија“, тврди тој.
„Губењето на индустриската компетентност би било фатално за Германија и нејзината позиција како индустриска, извозно ориентирана земја на иновации, а нема да биде придобивка ниту за заштита на климата на Земјата“, додаде Русвурм.











