Извршниот директор на „Мета“ Марк Цукерберг ја отвори конференцијата на технолошкиот гигант „Конект“ со фокус на виртуелната и проширена реалност и вештачката интелигенција.
Цукерберг изјави дека „Мета“ е фокусирана на „градење на иднината на човечката врска“.
„Наскоро физичкото и дигиталното ќе се спојат во она што го нарекуваме метаверс“, рече Цукерберг, пренесува АП.
Мета е среде корпоративна трансформација за која вели дека ќе бидат потребни години за да доминира во светот на виртуелната реалност.
Сепак, процесот на трансформација оди побавно од очекуваното, а конкуренцијата со TikTok останува најголемиот предизвик за компанијата, наведува американската агенција, пренесува Танјуг.