
„Газпромбанка“ го купи синџирот трговски центри „Мега“ во Русија од шведската компанија „Ingka Centres“. Трансакцијата, која е проценета на 2,85 милијарди долари, вклучува 14 трговски центри со вкупна површина од 2,3 милиони квадратни метри.
Трговските центри се наоѓаат во Москва, Московскиот регион, Ленинградската област, Омск, Уфа, Ростов на Дон, Самара, Адигеја, Казан, Екатеринбург, Новосибирск, Новосибирск и Нижни Новгород, објави Гаспромбанка, пренесува Комерсант.
Пред да ја напушти Русија, Ingka Centres беше најголемиот сопственик на малопродажни недвижности во Русија. Според магазинот „Форбс“, приходите на центрите „Ингка“ од изнајмување простор во синџирот „Мега“ во Русија минатата година се намалени за 19 отсто во однос на претходната година, на 285 милиони долари.
Групацијата Ингка го поседува и синџирот стоковни куќи ИКЕА. По почетокот на руските воени операции во Украина, продавниците на ИКЕА во Русија беа затворени, а сите руски бизниси на компанијата беа продадени. Според експертите, купувачот на синџирот трговски центри Мега ќе мора да ја пополни празнината по заминувањето на ИКЕА и да го реши прашањето за намалување на прометот.
Фото: Facebook











