Филипини воспоставија единствен начин на оценување на квалитетот на рестораните – според плаќањето на данокот, а не според квалитетот на храната.
Системот на вреднување е дел од настојувањето на властите да го зголеми полнењето на буџетот, јавува АП.
“Целта е компаниите да ја зголемат транспарентноста во плаќањето данок”, вели Цесар Пурисима, секретар за финансии.
На прво место на листата се франшизите на меѓународните синџири на брза храна и водечкиот филипински синџир брза храна на база на пилешко месо, Max’s Restaurant.
Листата ќе се освежува секоја недела и ќе биде објавувана во најтиражните дневни весници, како и на интернет страната на министерството за финансии.