Тргувањето со акциите на Евергранд е прекинато, претседателот на компанијата е уапсен

Акциите на Evergrande беа суспендирани во Хонг Конг во четвртокот, неколку дена откако кинескиот гигант за недвижнини изјави дека нејзиниот план за реструктуирање не може да се реализира.

Компанијата, како и берзата, не дадоа никакво објаснување за прекинот на тргувањето со акциите, што дојде еден ден откако Блумберг ја објави веста за апсењето и ставањето под полициски надзор на основачот и претседател на компанијата Хуи Ка Јан, пренесува Фајненшл Тајмс.

Акциите на Евергранд продолжија со тргување минатиот месец бидејќи се чини дека компанијата се приближува до договор за реструктуирање со меѓународните кредитори, две години откако неисполнување на обврските предизвика криза со ликвидноста во кинескиот сектор за недвижности.