ММФ: Има видливи знаци на стабилизација на кинеската економија

Меѓународниот монетарен фонд објави дека има одредени знаци на стабилизација на кинеската економија врз основа на неодамнешните податоци, како и дека постои можност за побрз раст на среден рок, доколку Пекинг преземе чекори за реформи во економијата со цел да го ребалансира растот.

Портпаролката на ММФ, Џули Козак, рече дека Кина може да постигне раст од околу пет проценти оваа година, а Фондот предвидува и забавување на растот на кинескиот БДП на околу 3,5 проценти на среден рок, но тоа може да се забрза и со економски реформи, пренесува Ројтерс.

Детални проекции за растот на кинеската економија ММФ ќе објави како дел од светскиот економски извештај на состанокот на ММФ и Светската банка во Мароко на 10 октомври, јави Танјуг.