
Според извршниот директор на X, Линда Јакарино, компанијата порано позната како Твитер ќе биде профитабилна на почетокот на 2024 година.
„Сега кога вкопав во бизнисот и имаме добар поглед на она што е предвидливо, се чини дека ќе оствариме профит на почетокот на 2024 година“, рече Јакарино на конференцијата Code, пренесува TechCrunch.
Изјавата е прилично смела. Но, овие коментари се во согласност со претходните изјави на Јакарино откако стана извршен директор, пренесува TechCrunch.
Јакарино сега вели дека „90% од првите 100 огласувачи се вратиле на платформата само во последните дванаесет недели“.
X ги намали и трошоците намалувајќи го бројот на вработени од 8.000 на околу 1.500, иако на отпуштените работници сè уште не им се исплатени отпремнини.
X се соочува со повеќе тужби за неплаќање кирија за деловен простор во повеќе земји.











