Инфлацијата во Холандија 0,2 отсто, најниска во последните седум години

Според прелиминарната проценка, годишната стапка на инфлација во Холандија во септември паднала на 0,2 отсто од 3,0 отсто во август, објави  холандското Централно биро за статистика (CBS).

Инфлацијата во Холандија сега е најниска во последните седум години.

Според весникот NL Times, оваа статистика не ја отсликува реалната состојба во сите категории, бидејќи цените на прехранбените производи се зголемија за 10 отсто на годишно ниво, пренесува Танјуг.

Инфлацијата е ниска главно поради влијанието на промените во цените на гасот и електричната енергија, кои нагло се зголемија во 2022 година, бидејќи тогаш имаше загриженост за снабдувањето со природен гас.

Според пресметковниот метод на Еуростат, кој малку се разликува од оној што го користи CBS, холандската инфлација падна за 0,3 отсто на годишно ниво.