Запрено производство на гас на најголемото наоѓалиште на гас во Европа

Производството на гас во холандски Гронинген, каде што се наоѓа најголемото наоѓалиште на гас во Европа,вчера беше е прекинато. Одлуката за прекин на производството на гас е донесена поради ризик од земјотрес, но во исклучителни околности производството би можело да се рестартира следната година, пренесува порталот „NL Times“.

Бунарите за гас нема да бидат трајно затворени до 1 октомври 2024 година, доколку биде неопходно да се продолжи со производство поради многу студена зима или други непредвидени околности. Одлуката допрва треба да ја потврди долниот дом на парламентот.