Секој жител на ЕУ годишно „остава“ 131 килограм отпад од храна

Во Европската унија во 2021 година се произведени 58,4 милиони тони отпад од храна, што е околу 131 килограм по жител, објави Евростат на 29 септември, по повод Меѓународниот ден за подигање на свеста за губење и фрлање храна.
Најмногу отпадоци од храна е произведен во домаќинствата (54%), кои фрлаат 70 килограми храна по жител.

21% од отпадот е создаден во производството на прехранбени производи и пијалоци (28 кг по жител), во ресторани 9% (12 кг по жител), во примарното производство 9% (11 кг по жител) и 7% во малопродажба (9 кг по жител) .

Најголемо количество отпад од храна е произведено во Германија (10,9 милиони тони), Франција (8,8 милиони) и Италија (8,3 милиони), а најмалку во Малта (79.000), Луксембург (83.000) и Словенија (143.000).

Во 2020 година, во земјите на ЕУ се произведени 58,1 милиони тони отпад од храна, вклучително јадлив и нејадлив, односно 130 килограми по жител.

Според проценката на Европскиот завод за статистика, произведениот отпад од храна претставува 10% од храната испорачана до потрошувачите во ЕУ во секторите за снабдување и потрошувачка (малопродажба и друга дистрибуција на храна, ресторани и домаќинства).

Намалувањето на отпадот од храна останува главен предизвик за ЕУ ​​и светот.

Организацијата на ОН за храна и земјоделство објави дека во 2022 година, меѓу 691 и 783 милиони луѓе во светот се соочиле со глад.

Се проценува дека 13% од храната се губи во синџирот на снабдување од бербата до малопродажбата.