Почна намалувањето на цените за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан

Започна намалувањето на цените за роаминг меѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан, што беше предвидено со декларацијата потпишана на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана на 6 декември 2022 година, соопшти Советот за регионална соработка.

Намалувањето на цените за роаминг официјално стапи во сила од октомври и горната ценовна граница за еден гигабајт роаминг податоци во специјалните понуди и пакети, согласно Декларацијата за роаминг, не треба да биде повисока од 18 евра.

Ова ќе ги направи меѓународните патувања и комуникации значително поекономични, според Советот за регионална соработка.