Кина е најголемиот извозник во светот (инфографик)

Во 2022 година, вкупната вредност на глобалниот извоз на стоки достигнa речиси 25 трилиони долари.

Со напредокот на меѓународната трговија, ефектите од глобализацијата и напредокот на технологијата, глобалната трговија се зголеми за околу 300% во последните 20 години.

Инфографик создаден од Труман Ду користи податоци од Светската трговска организација (СТО) за да ги прикаже најголемите светски извозници.

Кина сè уште е „глобална фабрика“

Најдобрите 11 светски извозници во 2022 година испорачале стоки од 12,8 трилиони долари, повеќе од остатокот од светот заедно (12,1 трилиони долари).

Листата ја предводи Кина со 3,6 трилиони долари или 14% од вкупниот извоз. Таа е најголемиот извозник на стоки во светот од 2009 година.

Во 2022 година, најголемите производи извезени од Кина по вредност беа телефони, компјутери, оптички читачи, интегрирани кола, соларни диоди и полупроводници.

Двата основни трговски партнери на Кина се соседните земји Јапонија и Јужна Кореја.

Мексико ја престигна Кина како најголем трговски партнер на Америка

Кина изгради значителни трговски односи со Европската унија и со Соединетите Држави, двата најголеми пазари на стоки во светот.

Сепак, неодамнешните трговски тензии доведоа до тоа Кина да го загуби статусот на најголем трговски партнер на Соединетите држави во 2023 година.

Мексико сега ја престигна Кина како најголем продавач на САД. Оваа промена во трговската динамика е дел од пошироките напори на САД за увоз на стоки од нивното непосредно опкружување и намалување на нивната зависност од геополитичките противници.

Извор: Visualcapitalist.com