
Француско-холандската авиокомпанија, Ер Франс-КЛМ, се стекнува со 19,9 отсто од акциите во конкурентската скандинавска авиокомпанија САС.
Извршниот директор на Ер Франс-КЛМ, Бен Смит, рече дека ова е важен момент и за САС и за француско-холандската авиокомпанија, а претседателот на САС, Карстен Дилинг, рече дека купувањето претставува „суштински чекор во процесот на трансформација“ скандинавските компании, пренесува NL Times.
САС се бори финансиски поради пандемијата и е оптоварен со огромни долгови, а властите, вклучително и Европската комисија и судовите во САД и Шведска, допрва треба да ја одобрат докапитализацијата.
Скандинавската авиокомпанија неодамна објави дека разгледува неколку понуди од потенцијални инвеститори, а SAS треба да добие финансиска инјекција од речиси 1,2 милијарди долари.
Ер Франс-КЛМ ќе инвестира 144,5 милиони долари во САС. Меѓу инвеститорите во САС е и Владата на Данска, која има 26 отсто удел во скандинавската авиокомпанија.
Фото: Pixabay











