Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1,9% на месечно ниво, а пониски за 1,3% на годишно ниво.
Во споредба со август 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 4,6%, во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1,8%, во групата Капитални производи за 1,6% и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5%.
Споредено со септември 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Капитални производи за 3,2%, во групата Енергија за 2,4%, во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 2,2% и во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0,2%.