Дали САД ќе ја заменат Русија?

САД извезоа повеќе природен гас во првата половина од оваа година отколку во истиот период од која било претходна година, соопшти ЕИА.

Во првата половина од оваа година, САД извезуваа просечно 20,4 милијарди кубни стапки гас дневно (Bcf/d), или околу 0,57 милијарди кубни метри гас (bcm), што е четири отсто повеќе отколку во првата половина од минатата година, објави американската Администрација за енергетски информации (ЕИА).

Ваквото зголемување сe должи пред сè на зголемувањето на извозот на течен природен гас (ЛНГ), но истовремено е зголемен и извозот на гас преку цевководи.

Во првата половина од годината, американскиот извоз на ЛНГ беше во просек 11,6 Bcf/d, а САД беа најголемиот светски извозник на течен природен гас во овој период.

Извозот на гас преку цевководи за Канада и Мексико се зголеми за четири отсто во споредба со истиот период минатата година, во просек 8,8 Bcf/d.