Модната куќа The House of Borgezie со седиште во Бирмингем, Англија, ги произведе најскапите чевли од платина – високите потпетици Cleopatra, чија цена е неверојатни 109.700 долари.
За да се изработат овие луксузни чевли на дизајнерот Кристофер Шелис му беа потребни повеќе од четири години, поради, како што вели, комплексниот начин на изработка и високите температури кои се потребни при работа со платина.
Чевлите Cleopatra можат да се најдат и во бело и жолто 18 каратно злато со цена од 93.500 долари.
Инаку, платината е метал, добро познат по својата тежина и екстремно високата продажна цена.
И покрај високата цена, овие чевли не се најскапите високи потпетици во светот. Производителот на чевли Стујарт Ваитзман ја имаше таа чест да ги креира чевлите Rita Hayworth, моментално најскапите високи потпетици во светот, чија цена е три милиони долари. Чевлите на себе имаат сафири, рубини и дијаманти.