Победи борбата за правата на жените на пазарот на труд – Клаудија Голдин ја доби Нобеловата награда за економија

Нобеловата награда за економски науки за 2023 година и беше доделена на Американката Клаудија Голдин.

Кралската шведска академија на науките одлучи да ја додели наградата за економски науки Sveriges Riksbank за 2023 година во спомен на Алфред Нобел на Клаудија Голдин „за унапредување на нашето разбирање за резултатите на пазарот на трудот на жените“.

„Овогодинешниот добитник на Нобеловата награда за економски науки, Клаудија Голдин, го обезбеди првиот сеопфатен извештај за заработката на жените и нивното учество на пазарот на труд низ вековите“, се вели во објаснувањето на одборот за доделување, пренесува Ројтерс.

Во соопштението се вели дека истражувањето на Клаудија Голдин „ги открива причините за промените во родовиот јаз, како и неговите преостанати извори“.

Голдин е само третата жена што ја добила Нобеловата награда за економија, по Елинор Остром во 2009 година и Естер Дуфло во 2019 година.

Помеѓу 1901 и 2023 година, Нобеловите награди и Сверигес Риксбанк наградата за економски науки во спомен на Алфред Нобел беа доделени 621 пати на 1.000 луѓе и организации.

Со оглед на тоа што некои ја добиле Нобеловата награда повеќе од еднаш, ова изнесува вкупно 965 поединци и 27 организации.