Познатото телевизиско лице и писателка, Марта Стјуарт, „крева бранови“ во светот на бизнисот од 1970-тите, кога почна да работи како брокер во Њујорк. До 1976 година, таа веќе направи клучна промена во нејзината кариера.
Но не преку берзата. Ја напуштила работата како брокер и започнала сопствен угостителски бизнис, директно од нејзината кујна. Нејзиното патување во кариерата оттогаш ја однесе до самиот врв бидејќи на крајот стана славна готвачка.
Стјуарт, сепак, е талентиран и за други работи, а со тоа имаше успешни потфати во областа на дизајнот и дизајнот на ентериер.
Таа во 1999 година стана првата жена милијардерка во САД која сама се збогатила или како што едноставно Американците велат – првата “self-made“ милијардерка.
4 совети за успех на Марта Стјуарт
1. Станете авторитет во бизнисот, а тоа значи темелно истражување на темата, зошто таа постои и што подразбира. Пораката е да станете експерт за што и да се обврзете.
2. Најдете можност во наједноставните работи. „Ги сакав идеите. Сакав да градам, да создавам. Сакав да правам работи што ќе го подобрат секојдневниот живот и, се разбира, да заработувам пари од тоа“, вели Марта.
3. Градете самодоверба кај вашите деца, уште од мали нозе. Американката тврди дека најдобриот совет што некогаш го добила го добила од нејзиниот татко кога имала само 12 години. „Ми рече дека со моите лични карактеристики можам, доколку одлучам, да правам сè што ќе одберам. Таа вели дека тој совет и дал чувство на самодоверба да го следи она што најмногу го сака.
4. Секогаш диверзифицирајте, вели популарната бизнисменка, која работела во широк спектар на индустрии. Форбс дури објави дека брендот Martha Stewart Kitchen би можел да донесе дури 1 милијарда долари до 2025 година.
Фото: Facebook