(Видео) Спортски автомобил од Авганистан на саемот во Катар

Првиот спортски автомобил произведен во Авганистан беше изложен на Меѓународниот автомобилски саем во Доха, главниот град на Катар, каде беа претставени најновите достигнувања во дизајнот и технологијата во автомобилската индустрија, пишува Klix.ba. Возилото ја носи ознаката The Helmet.

Мохамед Реза Ахмади, извршен директор на Ентоп, изјави дека по многу напори успеал да го пренесе автомобилот произведен во Авганистан на оваа меѓународна изложба во Катар.

Техничките детали не се официјално објавени, но се вели дека автомобилот е направен од остатоци од возила и опрема што ги оставија американската војска и силите на НАТО по повлекувањето од Авганистан во 2021 година, како теренски возила, генератори, фрижидери, па дури и компоненти на хеликоптер.

За погон се користеше 4-цилиндричен мотор од моделот Toyota Corolla.