
Креаторите на политиката треба да го охрабрат приватниот сектор да инвестира повеќе во борбата против климатските промени, се вели во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) насловен „Климатски крстопат: фискални политики во светот што се загрева“.
Во извештајот објавен на годишниот состанок на ММФ и Светската банка (СБ) во Маракеш, се наведува дека креаторите на политиката се соочуваат со трилема помеѓу постигнување климатски цели, одржливост на долгот и политичка изводливост на мерките.
Единствениот начин да се постигнат овие заеднички цели е внимателно избалансирана политика заснована на приходи и трошења, се вели во извештајот објавен на веб-страницата на ММФ.











