
Насилните шокови станаа нова норма за светската економија, изјави извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева на годишниот состанок на ММФ и Светската банка (СБ) во Маракеш.
Таа посочи дека глобалната економија денеска се соочува со подлабока поларизација, пренесува Ројтерс.
Георгиева изјави дека инфлацијата се намалува, но во многу земји сè уште е над посакуваното ниво, па високите каматни стапки ќе мора да останат долго време.
Извршниот директор на ММФ смета дека треба да се поттикне среднорочниот раст, а добрите реформи може да доведат до осум отсто зголемување на БДП во некои земји за четири години.
Во дискусијата за реструктуирање на државниот долг расте консензусот за некои прашања, но потребни се и „креативни пристапи“ кон ова прашање, како што е подобро усогласување на реструктуирањето на долгот со климатската криза, заклучи Георгиева.











