Раст на августовското индустриско производство во ЕУ на месечно ниво

Обемот на индустриското производство и во еврозоната и во ЕУ во август се зголеми за 0,6 отсто на месечна основа, додека еден месец претходно падна, објави европската статистичка служба Евростат.
Во јули обемот на индустриското производство во еврозоната и во ЕУ е намален, а во двете области за 1,3 отсто.

Во август, производството на трајни производи за широка потрошувачка во еврозоната е зголемено за 1,2 отсто, нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 отсто, а инвестициски производи за 0,3 отсто. Обемот на производството на интермедијарни производи е намален за 0,3 отсто, а на енергетските производи за 0,9 отсто, објави SEEbiz.

Во ЕУ за 1,2 отсто е зголемено и производството на трајни производи за широка потрошувачка. Производството на нетрајни производи за широка потрошувачка е зголемено за 0,7 отсто, а инвестициски за 0,1 отсто. Производството на интермедијарни производи е помало за 0,2 отсто, а на енергетските производи за 0,5 отсто.

Меѓу земјите-членки за кои Евростат имаше податоци, обемот на индустриското производство најмногу порасна во Ирска, за 6,1 отсто. Следуваат Словачка (+4,5 отсто) и Литванија (+3,7 отсто). Најголем месечен пад е забележан во Унгарија (-2,4 отсто), Хрватска (-2,2 отсто) и Белгија (-1,8 отсто).

Во споредба на една година, обемот на индустриското производство во земјите со евро се намалил за 5,1 отсто во август, а за 4,4 отсто во ЕУ.

Производството на трајни производи за широка потрошувачка во август е намалено за 7,2 отсто, инвестициски производи за 7,0 отсто, енергија за 6,3 отсто, стоки за средна употреба за 5,2 отсто и нетрајни производи за 1,4 отсто.

Во ЕУ бележи намалување на производството на трајни производи за широка потрошувачка за 7,3 отсто, енергија за 6,7 отсто, стоки за средна употреба за 5,5 отсто, инвестициски производи за 5,2 отсто, додека стабилно е производството на нетрајни производи.

Меѓу земјите-членки, најголем пад на индустриското производство од година во година е забележан во Ирска (-27,3 отсто), Словенија (-12,3 отсто) и Естонија (-11,9 отсто). Растот на индустриското производство на годишно ниво беше највисок во Словачка (+4,7 отсто), Данска (+3,5 отсто) и Малта (+3 отсто).