
Попустите се нешто што сите купувачи го сакаат и едвај чекаат. Очите веднаш ни застануваат на производи каде што ќе прочитаме дека има намалување на цените.
Во продолжение неколку интересни работи за попустите.
Производ чие пакување изгледа скапо може подобро да се продаде отколку нешто што е на попуст.
Една третина или 30% од луѓето, ќе купат нешто само за да го имаат, додека 70% ќе купат производ/услуга за да решат проблем.
Бесплатна испорака ги зголемува шансите за продажба.
Корисниците ги поврзуваат попустите честопати со лош квалитет на производот или со ниска побарувачка на истиот.
Според експертите, многу е подобро да се нуди попуст од типот Купи едно – добиј друго гратис, отколку да напишете 50% попуст. На луѓето повеќе им се допаѓа идејата дека ќе добијат нешто бесплатно.











