
Соговорниците разговараа за тековните проекти и планови на среден рок на Северна Македонија, како и на земјите од регионот. На средбата беа разменети мислења за политичките и економските случувања во регион, како и предизвиците од геополитичките случувања во Европа и светот и како сето тоа влијае врз глобалната економија.
На состанокот се разменија мислења за проекциите за раст на земјите од регионот во текот на оваа година, како и проекциите за глобалната економска и финансиска стабилност.
Партнерството со Светска банка и поддршката која ја добива Северна Македонија е од големо значање, Рамката за соработка е основа на граѓаните да им се овозможат подобри услови за живот, како и за инвестиции во подобрување на конкурентноста на приватниот сектор, инвестиции во инфраструктурата, развој на човечкиот потенцијал и зајакнување на менаџирањето со јавните финансии.
На средбата беше оценето дека ваквиот вид на соработка, претставува потврда на поддршката која доаѓа од сериозен партнер, а со тоа се испраќа силна порака до меѓународните партнери и инвеститори.
Премиерот Ковачевски и претседателката Басани, изразија задоволство од силното долгогодишно патнерство на Северна Македонија со Светска Банка како и за развојните резултати постигнати во годините на соработка.











