Еврозона: Годишната стапка на инфлација во септември потврдена на 4,3 отсто

Годишната стапка на инфлација во еврозоната во септември изнесуваше 4,3 отсто, што е во согласност со претходната прелиминарна проценка, објави денеска Евростат.

Инфлацијата во еврозоната е најниска од октомври 2021 година.

Септемвриската инфлација во ЕУ изнесува 4,9 отсто, се наведува на веб-страницата на оваа организација.