
Банката Морган Стенли објави пад на профитот од девет проценти во третиот квартал, бидејќи побавниот раст на нејзиниот масовен бизнис за управување со богатството беше проследен со пад на приходите во инвестициското банкарство и тргувањето.
Банката во средата објави нето добивка од 2,4 милијарди долари во третиот квартал, што е намалување од 2,6 милијарди долари во истиот период минатата година. Ова е нешто помалку од проценките на аналитичарите кои предвидуваа приход од 2,3 милијарди долари, пишува Фајненшл тајмс.
Нето приходите на банката Морган Стенли за трите месеци од јуни до септември изнесуваат 13,3 милијарди долари, што е за два отсто повеќе од 13 милијарди долари минатата година. Извршниот директор на банката, Џејмс Горман, оцени дека компанијата постигнала „солидни резултати“ во третиот квартал.











