(ВИДЕО) Колку се безбедни ЕВ: Верижен судир на два електрични автомобили

110

Постојат различни митови и легенди за електричните автомобили, како што е случајот со сите нови технологии. Додуша, електричните автомобили не се огромна новина, но сегашниот наратив во автомобилската индустрија е дека тие ќе станат наша иднина.

Значи, една од претпоставките е дека во случај на судир брзо ќе се запалат поради батериите со хемиски соединенија кои поддржуваат горење. Сепак, тестовите за судар, како и самите несреќи се во прилог на оваа технологија.

Имено, електричните автомобили ќе се запалат, но не почесто од автомобилите на бензин и дизел. За да ја докаже безбедноста на електричната технологија, Мерцедес директно се судри со своите два модели, односно го организираше нивниот „краш тест“ под контролирани услови.

Мерцедес EQA и EQS директно се судриле, едниот тежок 2,2 тони, а другиот 3 тони. Двете возила се движеле со брзина од 56 km/h и имале 50 проценти фронтално преклопување во моментот на ударот.

Тест-сценариото покажува вообичаен тип на несреќа на локалните патишта. Брзината на симулираната несреќа зема предвид дека возачите сепак би се обиделе да сопираат во вистински настан пред возилата да се судрат. Овој тест ги надминува барањата на EuroNCAP „crash test“ кој се одвива со брзина од 50 km/h.

Иако станува збор за тешки возила, и во двата случаи патничкиот простор остана недопрен и вратите може да се отворат по несреќата. Високонапонските системи беа автоматски деактивирани за време на падот, а самите батерии останаа недопрени.

Од „Мерцедес“ тврдат дека на 150 мерни места, на по две возрасни кукли биле забележани мали ризици од опасни повреди.